Пожар во зградата на најголемиот светски производител на вакцини – загинаа пет лица

Голем пожар избувна во зградата на Индискиот серумски институт, најголемиот светски производител на вакцини. Уништени се неколку ката, има и жртви.

Локалните медиуми портретираат густ црн чад кој лебди над западниот индиски град Пуне, каде живеат повеќе од три милиони луѓе.

Пет лица загинаа во пожарот, пренесува НДТВ.  „Многу сме тажни и изразуваме сочувство до членовите на семејството на починатиот“, твитна Адар Пунавала, директорот на компанијата, без да открие детали за починатите.

Според првите информации, пожарот избувнал во новата фабрика. Сè уште не е познато што го предизвикало тоа, а материјалната штета е огромна.  Службите за итни случаи се на терен.

Официјални лица рекле дека производството на милијарди вакцини ,,Астра Зенека”, за кои имаат договор, нема да се редуцира, затоа што компанијата располага со други погони.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

https://joci.mk/2021/01/20/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!