Отруена Алис, кучето-спасител кое помагаше во Петриња

Хрватските медиуми информираат дека почина белгискиот овчар Алис, куче трагач, која отиде со пожарникарите од Слано во Петриња, каде што беше дел од тимот кучиња – испратени да трагаат за спасување човечки животи.
Алис беше во неколку акции, но се востанови на лице место дека нема потреба од интервенција со кучиња.
Таа беше обучена и лиценцирана за спасување, која, секоја година поминувала преглед.

Сопственикот Срѓан Ботица, пожарникар од Слано, е вон себе од тажната случка. Вели дека ја шетале на истата траса, заедно со другите три кучиња и не знае дали нешто попат изела со отров. Сопственикот не знае кој и зошто го поставил и што сакал да постигне, можеби да отруе лисици.

Како што се претпоставува, Алис е отруена со силен отров, најверојатно отров за стаорци.

Хрватските медиуми ги повикуваат сопствениците да бидат дополнително будни, во надеж дека ќе се разбуди совеста на сторителот и дека повеќе нема да го прават тоа.  Нашите најверни пријатели не го заслужија тоа, се вели во апелите.

Сопственикот вели дека цело село ја сакало Алис. Не може кон никого да впери прст.
Како што раскажал, ја зел од одгледувачница пред 2,5 години од човек кој професионално тренирал песови за австриска полиција. Сопствениците кои ја купиле Алис – ја вратиле и таа била четири месеци во бокс. Ја вратиле затоа што била хиперактивна, а потоа пожарникарот Ботица дознал, решил да ја вдоми и да се грижи за неа.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!