Тајната палата на ,,Цар Путин” има стриптиз клуб, казино, амам, базени, тајни тунели – видеото го гледале 65 милиони луѓе

Водачот на руската опозиција, Алексеј Навални, кој заврши во затвор откако слета на аеродромот во Москва, сè уште дава шокантни тврдења за корупција на претседателот на Руската федерација, Владимир Путин.

На неговиот блог тој неодамна објави видео во кое откри дека Путин има дворец на Црното море вреден 1,4 милијарда долари, опремен со невиден луксуз.

Официјален Кремљ ги демантираше сите овие наводи на Навални, но видеото има 68 милиони прегледи за четири дена.

Навални сега обвинува и дека Путин користи државни пари за да ги финансира своите тајни љубовници. Сето тоа преку нелегални фондови, како за финансирање на љубовниците, така и за нивните семејства. Тука, според него е вклучена и неговата 17-годишна ќерка, која ја доби со една од тие жени.
Навални беше приведен директно од аеродромот каде слета на враќање од Германија, каде се опоравуваше од обид за труење во август.

Меѓу „финансираните“ љубовници се и Алина Кабаева, поранешна олимписка гимнастичарка, како и извесната Светлана Кривоногих, мајка на нивната наводна заедничка ќерка Елизабета.

Видеото е снимено пред да полета назад во Москва, пишува британски „Дејли меил“.

Тој додаде дека рускиот претседател ги обезбедил и роднините и своите блиски луѓе – со недвижнини, авиони, јахти…
Тие не живеат со него во палатата, но секако има финансиска шема и луѓе кои ќе ја полнат тајната каса за овие потреби.

Фотографија од блогот: https://palace.navalny.com/

Наводната афера на Путин со Светлана стана позната на крајот на минатата година. Станува збор за 45-годишна поранешна хигиеничарка од Санкт Петербург, која денеска е милионерка, со удел во Банката на Русија, што Западот го санкционираше по анексијата на Крим во 2014 година, поради врски со руската политичка елита.

Светлана располага со луксузни имоти во Сочи и Москва и поседува мнозински удел во ски-центарот Игор, одморалиште кое Путин често да го посетува.

https://twitter.com/wwwproektmedia/status/1331484142786244608?s=20

Навални вели дека неговите пријатели крадат од целата земја за да го плаќаат  неговите нелегални врски со мито и корупција.
Додава и дека во Русија има 20 милиони просјаци, а за тоа време тој купува јахта за својата љубовница.

Околу втората ,,жена” Кабаева, пак, поранешната олимписка шампионка која стана член на партијата на Единствена Русија, поточно за нивната афера – се шпекулираше со години, како и бројот на наводни деца што ги родила.

Фотографија од блогот: https://palace.navalny.com/

Навални тврди дека нејзината баба наводно добила стан во Санкт Петербург од олигарх близок до Путин. Навални тврди дека добила и две куќи. Кабаева исто така контролира големи руски весници и ТВ станици.

Палатата на ,,Цар Путин”

Снимките за раскошот на Путин ги објави тимот на Навални. Тврдат дека луксузот е вреден една милијарда евра.
Навални, во моментов, е затворен во озлогласениот московски центар „Матроскаја Тишина“.

Комплексот се наоѓа во близина на градот Геленџик, за кој се шпекулира дека му припаѓа на рускиот претседател на Федералната служба за безбедност.

Снимките се обезбедени со дрон од гумен брод. План од комплексот, велат, им дал бесен градежен изведувач, кој бил револтиран од расипништвото. Само главната зграда има површина од 17.691 квадратни метри.

Според 3Д-фотографии во внатрешноста на палатата има : казино како во Лас Вегас и музички танц-тепих, спа и театар, подземно лизгалиште, базен, аквадукт, амам, тунел што води кон крајбрежјето, како и лозови насади и фарми со остриги…

Фотографија од блогот: https://palace.navalny.com/

Имотот вклучува и црква и стриптиз клуб со бар за женски танчерки, наводно за 39 пати поголем од Монако.
Сето ова е објавено на блогот на Навални, кој открива и постоење на безбедносни огради, пристаниште и служба за безбедност, зона за забранети летови, па дури и путинов „граничен премин“.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!