Дали во вторникот ,,Градски паркинг” ослободил ,,смарт” возило со ургенции, без наплата?

Во вторникот, во 14 часот и 27 минути од депото на Пајак-службата на ,,Градски паркинг” кај Железничка станица, возило тип ,,смарт” било ослободено без сопственикот да плати, сведочат граѓани кои плаќале казна на шалтер.
Сево ова се одвивало пред нивни очи.

– Дојде еден човек со мал џип, ургираше и си заминаа со ,,смарт” автомобилот без да си ги намират обврските од 3.600 денари како сите ние на шалтер. Нека си ги проверат камерите од Град Скопје и од ,,Градски паркинг” и да видиме кој и зошто не плаќа – вели граѓанин кој сакаше да остане анонимен.

На прашањето дали ова навистина се случило, директорот на ,,Градски паркинг”, Борче Јакимовски, кој на ова место директорува повеќе од 10 години – и по 48 часа не одговори на смс пораката.
Не одговори ни дали го проверил настанот, како и дали постои извештај и белешки дека вакво возило било подигнато, донесено во депото, а сопственикот ете – платил, наспроти тврдењата на очевидци дека било ,,ослободено” со ургенции на партиска, пријателска или роднинска база.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

https://joci.mk/2021/02/09/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B0%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC-%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BE%D1%80/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!