Синот на Жерновски со ,,мерцедес” се забил во кафеана близу Влада

Околу 8 часот утринава, во близина на Влада, на крстосница на ,,Ленинова”, можеше да се види како црн ,,мерцедес”, очигледно поради голема брзина – се забил во една кафеана.
Очевидци кои се затекнале на местото на несреќата велат дека возилото е на екс градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Го виделе на местото на немилиот настан – по одредено време од настанот.

Кафеаната близу Влада – каде возилото удрило

Жерновски изјави дека неговиот син бил во возилото и дека нема повредени. Синот во возилото бил со другар.
Сообраќајната несреќа, како што рече се случила вчеравечер, околу 21.45 часот.
-Брзал да стаса дома пред полицискиот час – изјави Жерновски.

По несреќата, тој, се упатил во болница каде синот бил хоспитализиран.

Бил и на местото на несреќата, како родител, кога имено бил забележан од очевидци.

Утринава, Пајак – возило на ,,Паркинзи на Општина Центар”, го земало возилото и го тргнало од местото на настанот.

Расфрланите, искршени делови од ,,мерцедесот” ги собрале сезонски работници.
Очевидците раскажаа дека други возила немало во околината.
Предниот дел од ,,мерцедесот” бил исклучително оштетен, а биле отворени и ,,air beg” заштитните перници што укажува на тоа дека возачот добил удар од нив.

Жерновски рече дека предните перници, кои навреме се отвориле, го заштитиле син му од поголеми повреди.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!