,,АФТЕРВОРК” ЗА ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Заев и Филипче се журкаа со непознати дами

Премиерот Зоран Заев, вчера, на Велики Четврток, бил на ,,афтерворк” забава во една скопска кафеана на улица Јуриј Гагарин во населба Козле.

Според очевидци, тој бил во друштво со министерот за здравство, Венко Филипче, екс градоначалникот на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески и неколку непознати дами.
Веселото друштво во кафеаната се забавувало од 20 часот, па до доцните вечерни часови. Нивната софра, како што раскажаа наши извори, била преполна со храна и пијалоци, а премиерот видно расположен. ,,Паднале” и куп слики на кои гостите биле насмеани и гушнати.
Дали премиерот постел на вчерашната вечера, бидејќи се декларира како голем верник, нашите извори не можеа да потврдат.

Според христијанскиот календар, на Велики Четврток е Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, денот кога Исус Христос е предаден.

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!