
Пишува: // Јорданка Ивановска-Јоци
Гордана Јанкуловска, екс министерката за внатрешни работи, чиј звук од штикли некогаш звучеше така страшно на лентите додека чекореше низ кабинет и зборуваше тивко на телефон, има право на правично судење, на невиност додека не биде прогласена за виновна, има право на бебе, на живот, на покајание. Има право да стане мајка. Идентично како што Марија Магдалена се покаја за своите гревови и реши да го следи Исус, својот спасител.
Одвратни беа денеска сите оние кои и` посакаа се` најлошо на веста дека е во ризична бременост.
А, што сакаат тие луѓе ? Да ја обесиме на плоштад ? Тоа е праведно ? Да се вратиме во камено доба ?
За тоа беше борбата, за одмазда ?
Ако била за одмазда, ајде да ги распуштиме судовите и секој нека земе по една лопата, вила, нож, и нека спроведуваат ,,правда”.
Јас и` посакувам се` најдобро околу бременоста. Најчовечки. Немам ронка злоба, сеир, жолч во мене, за неа. Си има систем, нека помине низ него и нека се одреди правно нејзината вина или невиност.
А, во прилог го споделувам мојот најчитан статус од март или април 2015 година за Гордана Јанкуловска, која нашите од Пустец ги нарече ,,човечиња”.
Живеј, Гоцо !


