(ВИДЕО) Се огласи Моника: Канабисот е лек, ме уапсија без причина, налогот доцнеше

 

 

,,Јас ова го правам за болните деца, канабисот не е дрога, тој е лек, канабисот е лек, канабисот е лек. Ги регенерира клетките, марихуаната ги прави луѓето попаметни”, се огласи вечерва Моника по излегувањето од полициска станица.
Моника, со уметничко име Конопова, дипломиран новинар и м-р по филмска продукција, е девојката која денеска, јавно пушеше канабис на скопските улици и тоа го објави на видео.
Таа беше приведена од припадници на МВР пред три часа во Градскиот парк, како активист за легализација на марихуаната, додека делела флаери во рамки на ,,Коноп фест 2018″, настан за декриминализација на канабисот.

Таа информираше дека полицијата и` направила детален претрес на домашна адреса по лична карта, но ништо не нашле.  Налогот за апсењето го донеле отпосле. Главен изговор за апсењето им бил дека таа им давала лош пример на младите.
-Јас сум активист, не сум дилер-, рече таа.

Среќна е што полицијата ја привела откако ги поделила 500-те флаери во паркот, поточно не ја прекинале во мисијата. Ги пофали дека биле културни и фини и според неа градат нов однос кон корисниците на канабис.

И` дале совет во иднина да не ги навредува.
-А, кога сум ги навредила !? Јас ја сакам полицијата. Тие се чувари на законот-, раскажа Моника.

Во своето лајв видео порача дека ќе продолжи со мисијата за легализација на канабисот.
Линк до видеото тука.

Во прилог, вест за апсењето пред три часа.

НЕОФИЦИЈАЛНО: Приведена Моника, девојката која јавно пушеше марихуана

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!