Јавното претпријатие „Лајка“ преку хуманитарен базар бара соработка од граѓаните за помош на бездомните животни. Велат дека итно се потребни ќебиња, прекривки, јамболии, јоргани, черги, чаршафи, пешкири…Посочуваат дека претпријатието е во лоша состојба, а кучињата имаат потреба од топли помагала.
-Доколку во вашите домаќинства имате некои од овие горенаведени работи, а се застарени и неупотребливи, не ги фрлајте, донирајте ги во ЈП ,,Лајка”, бидејќи се повеќе од потребни за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман. Доколку не сте во можност да ги донесете во прифатилиштето, можете да ги донесете на предновогодишниот настан во петок, 23.12.2022 година, во кафе бар ,,Младост” кој ќе се одржи од 19:00 – 00:30 часот. Земајќи ја во предвид лошата финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието, ,,Лајка” објавува повторно апел до граѓаните за донирање на стари ќебиња, дебели престилки, мали теписи, јамболии, черги, оштетени стари џемпери кои не ги користите, а се акумулирале со текот на времето во вашите домаќинства и се размислувате да ги фрлите – се вели во повикот.

Истите, граѓаните можат да ги донесат директно во самото прифатилиште, на адреса ул.840 бр.2 во населба Маџари, секој ден од 09:00 до 19:00 часот. Оние кои не се во можност, може да испратат мејл на info@lajka.com.mk, па надлежните би организирале подигнување.
Хуманитарната акција се организира како поради финансиските потешкотии, така и поради студениот зимски период.