Непознато лице се паркира непрописно на трета лента од булеварот Партизански одреди, прави еден прекршок, го преминува булеварот преку жардиниера што е втор прекршок, гази зеленило и потоа подава кеса на полициската контрола која вчеравечер беше стационирана на оваа скопска улица. Двата прекршока потоа ги повторува пред очите на полицијата.
Во текот на вечерта, на повеќе места во градот, забележлива беше засилена полициска контрола со цел дисциплинирање на возачите. Особено на поголемите булевари како Илинденска, Партизански одреди, Теодосиј Гологанов. Како што соопштија од МВР, биле исконтролирани 1234 возачи, а на 726 е направен алкотест. Од нив, 248 возеле под дејство на алкохол.
Биле констатирани и други 252 прекршоци кај возачите.