Општина Гази Баба отпочна постапка за издавање на Обврзница за брз развој на локалната самоуправа. Како што соопштуваат надлежните, со ова задолжување со обврзница од 5 милиони евра во план е да се обезбедат финансиски средства за:
- Изградба на нова училишна зграда на ООУ ,,Крсте Мисирков” во Ченто
- Целосна изградба на фекалната канализација во населено место Јурумлери
- Изградба на нови детски градинки во Трубарево и Маџари
- Реконструкција на Културниот дом во Ченто
- Целосна изградба на фекална канализација во населено место Гоце Делчев
- Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Црешево
- Асфалтирање на локални улици на територија на општина Гази Баба
- Изградба на други фекални канализациони системи

-Ова се проекти кои се ветувани на граѓаните години наназад. Не можеме да дозволиме нашите сограѓани и во иднина да газат во кал – велат општинарите.