ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог-закон за амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за предлог-закон за амнестија за настаните од 27 април и ќе го поднесе предлог-законот во Собранието, пишува денеска адвокатот Јанаки Митровски во својот статус на социјалните мрежи, кој заедно со адвокатот Драги Пешевски е предлагач на иницијативата за законски измени.

Се огласија и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието на Република Македонија, со став дека ќе поднесат Предлог на законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017-та година.

,,Овој Предлог на закон го поднесуваме и е резултат на иницијативата и заедничката заложба на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Многу важно е да се напомене дека овој Предлог на закон е само продолжение на претходниот Закон за амнестија кој е донесен во декември 2018-та година, но со една голема и суштинска исправка, а тоа е надминување на селективноста и селективната правда која што произлегуваше од законот донесен во 2018 година.

Напоменувам, со овој закон ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27 април, без исклучок.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се надеваме дека мнозинството ќе го поддржи, прифати и ќе гласа за овој Предлог на закон бидејќи во спротивно, доколку не го стори тоа, ќе покаже и докаже дека за нив, селективноста е на прво место, владеењето на правото и правдата во Македонија ги нема никаде”, истакнато е во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!