Скопска хроника

СУДИЈАТА ТУФЕГЏИЌ ВО ДУЕЛ СО ПАЈАК СЛУЖБАТА, ГОСТИТЕ ВИКАЛЕ „ДО КОГА ВАКА?“

Судијата Владимир Туфегџиќ од Основниот суд 1 и неговиот пријател, денеска, беа во центарот на вниманието на гостите на „Боемска“ и околината, кои ручаа во овој дел од градот, на пролетното сонце. Автомобилот на неговиот пријател, паркиран непрописно на пешачка улица, го подигна Пајак службата, а за тоа време голем број луѓе извикувале-„Нема правда, нема мир“.
Како што раскажуваат наши извори, станало очигледно дека автомобилот не е на судијата, но тој упорно нешто им покажувал на полицајците (Фото 2) кои се придружба на Пајак службата, што кај сведоците на настанот предизвикало револт- од една страна зошто се меша, а и сомнеж дали на крај правдата ќе биде задоволена со казна и подигање на автомобилот. Од сите страни се слушале извици на негодување-„Ууууу..“, и „До кога вака ?“.
Автомобилот на пријателот на Туфегџиќ, на крајот, бил однесен со Пајак возило, а казната напишана.
Дали е платена ем казната, ем другите трошоци, знае судијата Туфегџиќ.

ДОПОЛНЕТО: Возилото е на судијата Туфегчиќ. Ја платил казната за непрописно паркирање.

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк. 

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close