По притисокот од јавноста, Владата на Република Северна Македонија ја објави листата на 55 хонорараци – ангажирани преку авторски договори за месечни специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, како што информираа. Отпрво листите се криеја, а денеска станаа видливи – со имиња и суми. Станува збор за договори на дело кои се склучени за период од 1 јануари 2021 година до 31 декември, 2021 година.
На листата има 55 хонорарци кои извршуваат најразлични задачи. Има и имиња на луѓе кои се декларираат како новинари, а во исто време работат и за извршната власт.
Паѓаат в очи големите суми кои се исплаќаат – во најголем дел се движат од 25.000 до над 40.000 денари (речиси три минимални плати за Петрит Сарачини, на пример кој е на список со 42.000 денари)

Најскандалозен е хонорарот од минимални 14.500 денари кој го зема Даниела Дичоски, задолжена за толкување на прес-конференциите на премиерот Зоран Заев на знаковен јазик. Едноставно, месечната сума кажува дека во хиерархијата на ангажираните во Влада и во кабинетот на Заев, нејзината макотрпна работа, да ги преведува неговите долги и досадни прес конференции, не се вреднува воопшто.
Целиот список на лицата ангажирани со договори на дело од Влада, на следниот ЛИНК.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
https://joci.mk/2021/04/12/%D0%B7%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BB%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%98%D1%87%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]