
Пишува: Јорданка Ивановска-Јоци //
Ова е истиот Зоки Заев кој ни мафташе со хартии на прес конференции за вмровците кои трошеле за стекови од бизони, бифтек од дивеч, коњски карпача, сосови од горгонзоли ?
И тоа, тие трошеа од донации за кетеринзите на партија, не од буџет. Да, тој е. Истиот Зоки.
Кој само по кафеани истрошил на дневно ниво по 11.660 денари. Милионерот Зоки, жив гладен, кој не дава од свој џеб, напротив потрошил наши пари.
А, амбулантните возила кои ги вети пред 7 месеци каде се ? Во која кафеана да ги бараме ?
Со Бектеши, две амбулантни возила сте изеле и испиле.
П.С: Дознавме колку јаделе и пиеле од СДСМ и ДУИ, а и колку потрошиле за 6 месеци.
Сега нè интересираат фактурите, да видиме што јадел и пиел премиерот Зоран Заев за 11.600 денари дневно, односно 34.000 евра вкупно, а и неговите министри.
“Ружна ви е Владата”, кога ќе ги видиме фактурите од кафеаните на сајтот ?
Или готово, толку од отчетноста кога видовте дека сите се шокирани од вашата неизживеаност, политички неморал, расипништво и неодговорност ?
© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.