СЛУЧАЈ ,,СКРИПАЛ“ : Владата на Македонија протера руски дипломат, Русите возвратија остро

Земји кои одбија да протераат руски дипломати се Грција, Австрија и Португалија

Министерството за надворешни работи, вечерва, испрати соопштение во кое ја информира јавноста дека е донесена одлука за протерување на руски дипломат од Македонија поради случајот ,,Скрипал“- труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија.

– Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година. Користењето на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји-пишува во соопштението.

Одлуката доаѓа по протерувањето или најава за заминување на руски дипломати од САД, Канада и 14 земји од Европа, поточно за бројка од над 70 дипломатски претставници на Руската Федерација.
Руската федерација преку својата амбасада во Македонија се огласи на социјалната мрежа „Твитер“. Со став дека станува збор за провокација и исклучително непријателски чин.

-Целосната одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна-се вели во реакцијата.
Земји кои одбија да протераат руски дипломати се Грција, Австрија и Португалија.
 


 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!