Таткото и ќерката Скрипал, отруени со нервен гас на влезната врата

Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербаг, како одговор на македонското протерување на руски дипломат, потенцираше дека ако Македонија стане членка на НАТО, постои можност да биде потенцијална мета за напад од страна на Русија 

Британските власти претпоставуваат дека таткото и ќерката Скрипал, Сергеј и Јулија, се отруени со нервен гас на влезната врата од својата куќа во Солзбери, каде е пронајдена најголема концентрација, а не во паркот каде беа пронајдени нивните тела во бесвесна состојба. Истрагата е фокусирана на влијанието од нервниот гас и дали тој влијаел и на други стотина луѓе кои се нашле во близина на семејството Скрипал. Се испитуваат соседите, а досега се земени изјави од над 500 сведоци.
Јулија, според последните информации, е во критична, но подобра состојба од таткото, односно реагира на лековите. Двајцата се борат за живот. Таткото Сергеј е поранешен руски двоен агент.

По протерувањето на руски дипломати од над 20 земји, меѓу кои и од Македонија, како знак на солидарност со Велика Британија, чии власти сомнежот за труење со нервен гас го фрлија врз Руската федерација, рускиот амбасадор во нашата земја, Олег Шчербаг, порача дека тој чин го квалификуваат како непријателски. Како и дека ги очекуваат доказите од Министерството за надворешни работи дека нивниот дипломат се занимавал со разузнавање против нашата држава.

-Со големо жалење, загрижува дека некои држави меѓу кои и власти од Македонија потпаднаа под непријателско влијание кон Русија, повиците да му веруваат на Лондон. На сметка на интересите на своите држави како и на сметка на билатералните односи донеле избрзана одлука за протерување на нашиот дипломат. Македонската страна не ни обезбеди  докази и потврди дека дипломатот кој што се протерува е занимаваше со  одредени дејности кои што излегуваат од рамките на дипломатскиот  статус-, рече амбасадорот Шчербаг.

Тој, меѓудругото, потенцираше дека ако Македонија стане членка на НАТО, постои можност да биде потенцијална мета за напад од страна на Русија .

Руската федерација, вчера, се закани дека ќе протера 60 американски дипломати како реципроцитен одговор, откако САД најави иста таква мерка за руските дипломатски претставници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!