ПОМИНАА 10 ГОДИНИ, ЗА НАШИТЕ ЛЕКАРИ ТУБЕРКУЛОЗА Е ШПАНСКО СЕЛО

Лекарите и по десет години не препознаваат туберкулозни заболувања кај пациентите. Цели десет години, насловите во медиумите се идентични. Се повторуваат како стара расипана плоча.

Пред неколку дена, на 23 март 2018 година, д-р Предраг Божичковиќ, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза изјави дека „лекарите не можат да препознаат ТБЦ“. Тој, дури извести и за 21 случај кои биле лечени несоодветно, притоа недијагностицирани, за што Министерството за здравство формираше комисија за испитување.

Она прашање кое никој не го одговори деновиве, е-Дали тие пациенти се воопшто живи ? Со оглед на фактот дека биле лечени несоодветно од луѓе кои не препознаваат ТБЦ, а ги хоспитализирале со таа дијагноза, која подоцна не можеле да ја потврдат. И, секако кој ќе одговара за терапијата која не им помогнала, а можеби им одмогнала.

Истите наслови во медиуми биле присутни и на 25 март 2008 година.
„Утрински весник“, пред десет години, известил дека од 560 заболени, околу 280 се дијагностицираат дури кога болеста тешко ќе ги оштети белите дробови.
Насловот на веста бил-„Половина од болните од ТБЦ се откриваат доцна“.
„Дневник“ и „Вечер“, на 23 март во 2008 година, пак пишувале за тројца лекари кои биле заразени со ТБЦ и еден со вирусот ХИВ.

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!