КАМПАЊА: Музички спот со „Јазикот на Ерато“ за поголема свест за лицата со аутизам

Во Македонија нема регистар за луѓе со аутизам, но ако ја прифатиме светската состојба која кажува дека на 166 луѓе има еден аутистичен тоа значи дека овде има околу 12.000. Ова е голема бројка за да се занемари.

Со неколку настани на јавни локации, група граѓани, започнаа кампања за подигање на свеста за аутизмот во Македонија. Таа траеше неколку дена, а Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам, денеска, го заокружија со музички спот, креиран од „герила“ настаните, кои, се одвиваа на различни локации во Скопје. Музиката е весела и испеана со ,,Јазикот на Ерато“ од Елена Христова, ,,Баклава“.

Кампањата опфати претстава на улица, графит, делење налепници, лепење постери, креирање на голем банер. како и акција во рамки на „Ретвитни оброк“ (неформалната група граѓани подготвуваа оброци за луѓе во потреба, заедно со аутистично дете).

Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам има за цел да стави акцент на пречките што луѓето со аутизам. И другите кои живеат со аутизам и се соочуваат секој ден. Исто така, има за цел да се прослават уникатните вредности на оние со аутизам, притоа ставајќи огромен акцент на топлата прегратка и добредојде.
Аутизам е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст. Аутизмот делува на процесирањето информации во мозокот, со тоа што го менува начинот на којшто невроните и нивните синапси се поврзуваат и организираат.

Едукацијата за препознавање на аутизмот е зголемена во изминативе години. Сепак раната детекција не е најзначајна за подобрување на состојбата на овие деца. Треба да се комуницираат со јавноста и пречките со кои луѓето со аутизам се соочуваат секој ден, да се разберат и прифатат.

Најзначајна е инклузијата во секојдневните активности. Затоа и треба да се комуницира потребата што ја имаат овие луѓе, од една страна и тактиките и начините за комуникација со аутисти од друга страна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!