МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ВРАБОТУВА КИНЕЗИОЛОГ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Министерството за образование и наука распишало оглас за вработување на помлад соработник во секторот за Јавни набавки на оваа институција. Во „посебните услови“ е наведено дека се бара лице кое поседува 6Б квалификации од правните науки, политичките науки или кинезиологија.

Ете, големо разочарување за економистите кои учеле за јавни набавки, но ете-не се кинезиолози, односно немаат поим за движењето, за следење на мускулите, за нерамнотежа на телото, како што е опишано на интернет ова „посебно барање“ во огласот. 
Наведената плата за работа на местото во секторот е  20.987 денари.

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.

Кинезиологија

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!