Петре, шу праиме ако се исуши дрво со име на дете ?

Петре, ќе садел дрво за секое новородено дете.  Не слушнал дека македонскиот народ е религиозен и суеверен.
Или…Денот на дрвото сега се модифицира во „Денот на Петре“.

Муабет.
-Колку дрвја посадивте ?
-А, што знам…едно 5.000, пола се исушија, па пак садевме. Оние од јавни набавки знаат.
-Чекај, дрвото на моето дете се исуши ?!
-Да..ама…чекај, не си оди…не му ставале вода…ама дај не се лутииии…

Изјава на Петре Шилегов во врска со оваа новина-„ Како што ветив во предизборната кампања пред неколку месеци, ja почнуваме реализацијатa на  проектот „Дрво за секое дете“. Заедно со ЈП Паркови и зеленило и гинеколошко – акушерските болници, преку овој проект, им овозможуваме на  нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови. На дрвото ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање. Низ годините, секој што засадил дрво ќе може да го следи растот на дрвото заедно со неговото дете“.

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!