
На Фејсбук страницата на Клиниката за акушерство и гинекологија (ГАК) на 1 април годинава, се појави најава за кампања за донации. Нелогично и иритирачки.
Имам неколку прашања до надлежните :
1. Дали станува збор за првоаприлска шега ?
2. Доколку не, дали ГАК има намера да се трансформира во друга организација-Црква и на овој начин да собира донации, како верска организација ?
3. За што точно македонските граѓани плаќаат здравствено осигурување, па што ГАК бара донации ? Што е со нашите пари, каде се ?
4. Дали ова значи дека ГАК има ,,дупка” во Буџетот ? А, зошто има ,,дупка” ? Дали сте во стечај ?
5. Доколку нема, зошто барате донации и за што ќе ги трошите парите од оваа кампања ? Нели ваша работа беше да обезбедите материјали за клиниката со пари од Буџет или сме грешка ?
6. Како граѓаните да знаат дека парите кои ги побарувате од донатори преку мобилни оператори, ќе завршат на право место, а не во нечиј џеб ?
7. Дали вашата кампања ќе се прошири утре и на цела Влада, поточно постои ли можност исто и Владата да распише кампања за донации, за помош од граѓани ? И ќе се вика ,,Да помогнеме на Владата во стечај” ?
Одговорите дадете ги на македонската јавност.
Ве очекуваме.