
Пензионерите, денеска, го добија покачувањето од Владата на СДСМ, за четири месеци во 2018 година. Но, на нивните сметки, денеска, ги немаше ветените 2.160 денари за 2017 година.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во август минатата година изјави дека оваа сума им следува на оваа група на лица, по 180 денари месечно, но до ден-денеска, 300.000 пензионери во цела држава ја чекаат да го исполни изговореното за ланската година.
– Секој пензионер во согласност со Законот за пензиите и членот од Законот за усогласувањето со растот на трошоците за живот и растот на платите ќе добива по 180 денари секој месец, од јануари до декември, или за 2017 година ќе добие 2.160 денари- соопшти министерката Царовска.
Во септември, пак, 2017 година, таа уверуваше дека пензискиот систем е стабилен. Но, и покрај тоа нема да има значајни покачувања на пензиите, само 180 денари месечно.
На прес-конференција, на која даваше отчет за 100 дена од работењето на Владата, таа потенцираше дека “обезбедени се и дополнителни средства за да може просечниот пензионер со усогласувањето годишно на пензиите да добие околу 2.000 денари”.
– Ние ќе си продолжиме со овој процент на зголемување на пензиите согласно растот на платите и порастот на трошоците за живот што е праведно и што е согласно законот, така што немаме никаков проблем-рече Царовска во септември минатата година.
Министерке, каде се парите ?
И кога мислите на пензионерите да им ги исплатите 2.160 денари за 2017 година ?
Ќе продолжам да ве прозивам, додека не го исполните ветеното.
© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.