Ништо нема да изградат, ништо нема да остават

Пишува: // Јорданка Ивановска-Јоци

Владата на Зоран Заев ЌЕ гради нов Архив. Трет. Чуму ни е трет !?

ЌЕ гради и нов Клинички. И двата објекти ќе ги преплателе многу повеќе, одошто чинеа или беше предвидено да чинат. Затоа и сакаат да оданочуваат 18 отсто ДДВ над 1.000 евра бруто приходи. Затоа кренаа и акциза на нафта, па цените во малопродажба лудуваат и се креваат со секој нов ден.

Едноставно, немаат поим од водење економија, не знаат како да полнат Буџет без да удрат врз грбот на работничката класа.

А, ЌЕ го уриваат и мостот за панорамско тркало, ќе отстрануваат галии, и тоа според најавите-ќе чини вкупно 10 милиони евра.
Деструкција од прв ранг.

А, за тоа време, ни една корпа низ Скопје немаат промовирано во јавност. Ни еден камен темелник немаат поставено на капитална инвестиција. Шефот на кабинет на Петре Шилегов се сликаше покрај вмровска инвестиција и рече дека е супер. А, кога ќе изградите нешто со кое може да се пофалите дека е ваш проект ?

Ги нема ни ветените амбулантни возила од Заев, на митинг, на неговиот роденден лани. Поминаа 6 месеци.
Сака да оданочува и да обременува со нови давачки, но не и да почне од себе и ,,своите”. Оние раскалашени пратеници, директори, советници, раководители, членови на управни и надзорни одбори, кои се богатат и трошат развратно на наша сметка.

Акцентот е на ,,ЌЕ”. Оваа Влада и локални власти, опијатски се навлечени на пароли и идно време, да им нема спас на следни избори. Никој не сака неработници.

Ништо нема да изградат.
Ништо нема да остават зад себе, освен раздор.

А, можеби и подобро. Кога ќе размислам подобро, не сакам да ги паметам по ништо. Сакам што побрзо да заборавам дека постоеле.

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!