На Кејот се палат гуми и кабли, градоначалниците спијат

 

На Кејот на Вардар, во делот на Центар, утринава, повторно имаше палежи од непознати лица. Црн, густ чад, се кревал до небото, сведочат рекреативци кои пешачеле на Кејот на реката.

Палење пластика, гуми, кабли, бела техника, од луѓе кои заработуваат од секундарен отпад, е хроничен проблем, кој, градските и општинските власти не го решија и покрај тврдењата дека нивни инспектори се постојано на терен.

Од двете страни на Кејот, во Центар и Карпош, има бројни траги од многу палежи од изминатите месеци-запалено зеленило и остатоци од изгорени хемиски материјали од лица кои го загадуваат воздухот во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!