Перо Арсовски од СДСМ ,,нишани” на колешката Конеска Руси-му пречи нејзината плата

 

Актерката Снежана Конеска-Руси е гласен противник на законот за јазици

Актерот Петар Арсовски, сегашен член на советодавното тело за култура, лично избрано од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, во статус на социјални мрежи, денеска, ,,нишанеше” кон колешката Снежана Конеска-Руси. Актерот Арсовски, своевремено, беше и член на Советот на Град Скопје, избран од редовите на СДСМ.

На Арсовски, познат и по улогата на Бугер во ,,Среќна Нова ’49” му пречи платата на Конеска-Руси, која зад себе има 45-годишна кариера и многу награди, меѓу нив и високата награда “13 Ноември”. Таа, во моментов, е претседател на синдикатот на актери при МНТ.

Конеска-Руси е актерка, која, е идеолошки сосема различна од Арсовски и лани беше дел од протестите ,,За заедничка Македонија”. Меѓудругото и гласен противник на законот за јазици, кој уште лани го оцени како проект за редефинирање на Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!