Годинашен добитник на наградата ,,Роман на годината” за 2017 година е писателката Фросина Пармаковска за романот ,,Одбројување” во издание на ,,Или-или”. Плакетата, паричната награда од 150.000 денари и статуетка, ќе и` бидат врачени в четврток, со почеток во 18 часот, во Даут пашиниот амам.
Наградата „Роман на годината“ се доделува по 19-ти пат. До лани, ја доделуваше „Утрински весник“, а по згаснување на медиумот, наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“, формирана од основачите на „Утрински весник“.
,,Роман на годината” е настан поддржан од Министерството за култура. Генерален покровител е Комерцијална банка АД.