
Како од филм на Федерико Фелини, од 50-те години на минатиот век, противпожарно возило од праисторијата, денеска, се појави на улицата Димитрија Чуповски во Скопје, да учествува во гаснење на пожарот во Министерството за правда.
И камерите на скопските телевизии го регистрираа чудното возило и смешниот звук на сирената. Особено, паркирањето, како од филмска сцена со Еди Марфи. Фалеше уште тој да скокне од него и со една рака да го изгасне пожарот во канцелариите, во улога на полицаецот од Беверли Хилс. Дотолку надреално.
Не е јасна улогата на малото ,,там” комбе во процесот на гаснење на денешниот пожар.
Случајните минувачи беа вџашени од возилото кое личеше на автобусот од филмот ,,Кој тоа таму пее”.
Вакво исто возило, лани, Општина Кочани донираше на Општина Чешиново-Облешево. Верувале или не.

Зошто имало денеска потреба од старо и амортизирано возило, должи одговор Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов.
Противпожарната бригада, во изминатите години беше значително модернизирана, по децентрализацијата. Претходно, пред 2006 година, беше под надлежност на МВР и исклучително запустена и нефункционална.
Беа вложени многу средства од Градот Скопје и Владата и денеска, бригадата, располага со многу нови возила и опрема, набавена во изминатите 10 години.
Линк до веста: http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4243&mid=482&tabId=&tabindex=0