ИНТЕРПЕЛАЦИЈА | Данев: Македонскиот народ сака да троши, а нема пари

 

,,Македонскиот народ сака да троши, а нема пари”, рече Драган Данев, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за интерпелација на Владата.

Драган Данев, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Упати критики за економската неспособност на извршната власт, предводена од Зоран Заев, нарекувајќи ја владината политика-,,економско цунами”, а самата Влада-неспособна да ги води институциите. Платите и пензиите стојат, ветените зголемувања ги нема, особено на лекарите. Нема ни бесплатно лекување.
-Ја зголемивте акцизата на нафтата, а со тоа се зголемија и цените во малопродажбата. Граѓаните не гласаа за такво нешто. Ако така сте го замислувале животот, не сте се разбрале со граѓаните. Тие гласаа за пониски даноци и цени -, потенцираше Данев.

Предизборен билборд на владеачката СДСМ

Потсети и на фактот дека СДСМ во предизборието ветуваше поврат на 15 отсто ДДВ на граѓаните, но тоа не се случило во декември минатата година.
Обвини и дека Владата на СДСМ од Македонија создала небезбедна земја. Секој ден, рече тој, има убиства, кражби и насилство. МВР, рече Данев, наместо да се справува со корупција, набави 45 ,,шкоди” од фирма, која, во кампања им била донатор.
-Македонија, на скалата за корупција, падна за 17 места-, заклучи координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.
По него, обраќање имаше Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ, за кој интерпелацијата била разочарување и очаен обид ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието како опозиција, која со месеци беше надвор од него, поради бојкот.
Тунтев ги пофали министрите на СДСМ и според него тие имале исклучителни резултати. Наведе дека Владата ги покачила платите, а пораснал и индексот на индустриското производство.
-Прочитајте на сајтовите на министерствата-, посочи тој.
Меѓудругото, рече, дека МВР не е повеќе ,,ВМРО-МВРО”, бидејќи конечно институцијата застанала на патот на корупцијата. Во еден момент го спомена и индискиот инвеститор Субрата Рој, како неуспешна прикаска на поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев, и индискиот инвеститор, Субрата Рој
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!