БАРАЊЕ ОД ДЕСЕТ ЗДРУЖЕНИЈА: Гасовод е неприфатлив, Владата да ги тргне багерите од Водно

Десетина граѓански здруженија се обединија со цел спас на парк шумата Водно од масакар на зеленилото во делот на сртот за потребите на трасата за гасовод. За здруженијата, изградба на гасовод на Водно е неприфатливо решение, затоа што ќе ја деградира шумата и ќе го измени био хабитатот на живиот свет.

Веќе доставиле четири барања до Владата, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и Градот Скопје.
Од надлежните бараат веднаш да ја тргнат механизацијата на терен, а претставници од иницијативата ,,За спас на Водно” да ги вклучат во работната група за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение околу изградбата на магистралниот гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар. Исто така, инсистираат и да имаат непречен пристап до целокупната документација за истиот.
Меѓудругото, да се исцртаат границите на парк-шумата, и статусот да се усогласи со тековниот Закон за заштита на природата.

-Во изминативе години, Водно е нападнато со засилена урбанизација како од насока на градот, така и со неколкуте непотребни градежни проекти каков што е патот за Сончев град и телекомуникациската кула. Сведоци сме на континуирана злоупотреба на заштитената зона и непочитување на дефинираните граници на Парк-шума Водно, а гасоводот како проект низ сртот на Водно само ја прели чашата бидејќи претставува уште еден сериозен удар врз опстанокот на Парк- шумата Водно како оаза на зеленило и чист воздух-, се вели во информацијата од здруженијата ,,Спас за Водно“, „O2 Коалиција“, „Стоп на Загадувањето“, „Ние Сме Карпош 4“, „Воздух Сега!“, „Спас за Кисела Вода“, „Скопје Смог Аларм“, „Скопје бара чист воздух“, „Граѓанска група КАРПОШ 3″, „Зелено Тафталиџе“.

Додаваат дека Водно е конкретен пример каде што од оваа Влада се бара да премине од збор на дело, во однос на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во одлуки кои ги засегаат.

Фото: Југослава Дуковска
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!