СКОПЈАНИ БЕСНИ: Метеж на ,,Партизанска”, Шилегов асфалтира во 8 наутро


Секое утро, веќе пет дена, се создава тесно грло и ужасен сообраќаен метеж на улицата  Франклин Рузвелт, како и на булеварите Партизански одреди и 8 септември.
Градската власт, асфалтира дел од ,,Партизанска” во 8 наутро, кога сите одат на работа, иако досегашната практика беше тие активности да се одвиваат во вечерните часови, кога притисокот од сообраќајот е помал.

Поради привремениот режим кој Градот Скопје го воведе, секојдневие се нервозни граѓани, свирежи и пцовки. И така е од 13 април, па уште една недела.

-Градот Скопје ги известува граѓаните дека до 24.04.2018 година ќе се изведуваат градежни активности за завршно асфалтирање на булеварот Партизански одреди, и тоа од улицата Франклин Рузвелт до раскрсницата со булевар 8.Септември. Поради тоа, на тој дел од булеварот Партизански одреди ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот-, информираа неодамна надлежните во соопштението.

Иста ваква слика, веќе еден месец, долги колони и метеж, може да се видат и во населба Бутел- кај кружниот тек и на ,,Бутелска”. Каде, во исто време, градската власт, поради градежни работи затвори две важни сообраќајни артерии-улиците Цетинска и Александар Урдаревски.
Граѓаните од овој дел на градот, револтирано велат дека градежните работи на улиците не се стасани до асфалтирање. На работа се приморани да одат преку обиколницата и да го вртат половина град. Во оваа општина живеат околу 40.000 граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!