
Пред куќата на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, вечерва, имало четири полициски возила-едно комбе и три увидни цивилни автомобили со полиција, раскажаа очевидци.
Увидот, кој траел, околу еден час, го правеле службените лица од МВР и бил на лице место, пред паркираните автомобили, кои, се во негова сопственост. По што си заминале.
Наши извори велат дека во тој реон имало инцидент.
Што точно се случило во неговото маало во Тафталиџе, оставаме да ни соопшти Шилегов, откога ќе се врати од Брно, Словенија, каде како претседател на ЗЕЛС, деновиве, учествува на 13. Генерално собрание на Мрежата на асоцијации на локални самоуправи од Југоисточна Европа (НАЛАС).