
Пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, која за девет месеци искешира 12.000 евра за патни трошоци, вчера, ја беседала ,,Илијада” на Хомер во одбрана на покачувањето на нафта и цени во малопродажба, што ни ги приреди нејзиниот лидер, Зоран Заев, кој ветуваше животи, реформи и други тракатанци, а излезе сосема спротивното.
Па, рекла:
-Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил- потенцираше Стојчевска во одбрана на одлуките на Владата на СДСМ, како член на собраниската Комисија за Буџет и финансирање, околу одбивањето на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на покачената акциза за нафта.
Миро, види вака.
Според извештај на Државен завод за ревизија, базиран на податоци од Државен завод за статистика, во Скопје, има 267 автомобили на 1.000 жители. Односно, на 640.000 жители има регистрирано 170.500 автомобили.

Значи, Мирјанче, акцентот е на РЕГИСТРИРАНИ. Тоа значи оваа бројка да ја помножиш со три (еден автомобил на трочлено семејство) и се доаѓа до бројка од 500.000 жители кои користат, односно имаат пристап до автомобил. Денеска, речиси секој вози, макар и ,,канта” донесена од отпадите од Германија. Не може да сметаш со твојот раскантан дигитрон, кој ти го дал Заев, дека еден автомобил го вози еден човек.
И според демографските прогнози на ДЗС, оваа бројка расте секоја година.

Значи, Миро. Имате сериозен проблем. Ти и твојата партија со покачувањето на акцизата на нафта за 3 денари, која сега не сакате да ја корегирате на барање на опозицијата.
Проблемот е што не` осиромашувате и не` дерете до гола кожа ти и твојата партија. А, за тоа време, ти и твоите сопартијци, маќко, живеете како ,,бубрези во лој” од патни трошоци, дебели плати и ред бенефиции кои секој ден ви ги дознаваме.
Како беше мотото од 17 мај 2015 ? ,,Дојдовме” ?
Епа, како што дојдовте, така и ќе си одите.
Преку Фејсбук.
Ниедна партија, која не слуша граѓански проблеми и барања, не ги исполнува ветувањата, не заслужува и не смее да остане на власт.
#че#си#одите