Груевски не беше на митингот, се забавувал на свадба во Тетово со Боркица

 

Екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен пратеник, Никола Груевски, не присуствуваше на вечерашниот митинг на неговата партија. Бидејќи, бил зафатен со други ,,активности”.
Наши извори ни испратија фотографија од свадбена веселба од Тетово, каде Груевски бил со сопругата Боркица.

Груевски, се вклучил од свадбената сала и се огласи на социјалните мрежи:

,,Пораката е испратена. Пораката на народот на Македонија. Почнува паѓањето на СДСМ. Народот се буди. Не можат вечно да го лажат и плашат народот. Ова е негова земја.
Одличен и моќен народен собир.
Честитки до сите”, напиша тој.

На митингот, под мотото ,,Македонија ќе победи”, присуствуваа членови од сегашното раководство, но и од минатото.
Лидерот Христијан Мицкоски рече дека ова е трета генерација на партијата.

Повеќе на следните линкови:

Груевски не дојде, но беа Канческа, Мијалков, Змејко, Коце, Ивица, Димовски

МАСОВЕН МИТИНГ НА ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе триумфира

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!