Груевски не дојде, но беа Канческа, Мијалков, Змејко, Коце, Ивица, Димовски

Никола Груевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен пратеник, вечерва, не беше дел од митингот на ВМРО-ДПМНЕ. Барем никој не го виде.

Во први редови беа членови на новото раководство, пратеници, меѓу кои Влатко Ѓорчев, Драган Данев, Даниела Рангелова, Ивица Коневски, Коце Трајановски, а во нивна близина, но не во први редови и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, Илија Димовски, Влатко Мијалков, Јелена Жугиќ (член на Советот на Град Скопје), како и Трајко Вељановски. Во први редови можеше да се забележи и дел од старата гарда на партијата, како Борис Змејковски.

Груевски, се огласи на социјалните мрежи:

,,Пораката е испратена. Пораката на народот на Македонија. Почнува паѓањето на СДСМ. Народот се буди. Не можат вечно да го лажат и плашат народот. Ова е негова земја.
Одличен и моќен народен собир.
Честитки до сите”, напиша тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!