Се повлече полицијата и водените топови, остана транспарентот ,,предавници”

Заврши протестот пред Собранието на Македонија против промена на уставното име на државата кој го договори Владата на Зоран Заев со грчката Влада.

Пред половина час се повлече и армијата ангажирани полицајци кои беа распоредени да го чуваат законодавниот дом, а се повлекоа и водените топови и десетици полициски возила, кои цело време беа сокриени зад Собранието. Останаа други стотина чувари на редот да ја чуваат зградата од гневот на народот.

Повлекување на водените топови

Пред законодавниот дом мирно останаа да протестираат уште стотина луѓе, веат знамиња, седат на тротоарите и немо гледаат во транспарентот закачен на барикадите до споменикот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, на кој пишува ,,Предавници”.

Видео :

Демонстрантите протестираа од 20 часот. Отпрво мирно, но како што толпата беше побројна и достигна до неколку илјади, почнаа да фрлаат шишиња и се` што ќе им дојде при рака кон Собранието. Во еден момент, поединец од толпата, кон зградата фрли и.,,молотов коктел”, кој се изгасна.

Атмосфера од протестот на следниот линк :

Протест пред Собрание, демонстрантите извикуваат ,,Едно име имаме”

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!