,,Балистите” оддадоа почит на убиениот Саздо со аплауз на натпревар

,,Балисти”, навивачката група на фудбалскиот клуб ,,Шкендија”, вечерва, со аплауз оддаде почит за убиениот Никола Саздовски, член на навивачката група ,,Комити”. Петминутниот аплауз го оддале на почетокот на натпреварот меѓу ,,Шкендија” и велшкиот клуб ,,ТНС”, кој, се игра во рамки на квалификации за Лига на шампиони.

Саздовски, почина по неколкудневна кома, откако беше брутално претепан со шипки во населбата Автокоманда, на автобуска постојка. Неофицијално, од припадници на друга навивачка група. Двајца од тројца сторители се приведени.

Денеска беше погребан во родното место Ракотинци. На последното патување го испратија околу 2000 луѓе, меѓу кои припадници на семејството, навивачи, пријатели.
Неговите другари од ,,Комити”, пред погребот, со распламтени факели, го поздравија за последен пат пред платото на Источната трибина на Градскиот стадион во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!