ПЛАЧ ЗА САЗДО ПРЕД СОБРАНИЕ: Првото пијанство ми е со тебе, брату мој, нема да те заборавам

Стотици граѓани, вечерва, пред Собранието на Македонија, му запалија свеќа на убиениот 21-годишен ,,комита”, Никола Саздовски.

Во плач и молк, тажните пријатели и случајни намерници, ја гледаа сликата на младиот Саздо во неверување дека повеќе го нема и дека со брутално претепување на улица повторно згасна млад живот во Македонија.
-Младо момче, вечерва, јас излегов од работа и дојдов со автобус само да ти запалам свеќа. На ниедни мајка и татко не им ја посакувам оваа болка-, говореше еден возрасен човек, додека клекнат палеше свеќа.

Свеќа запали и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, чиј член беше покојниот Саздовски. Пред неговата слика остави дрес на ФК ,,Вардар”, кој претходно го носеше на себе, како и шал со боите на клубот.

Пред Собранието имаше и Книга на жалост. Во неа оставаа пораки сите, особено неговите лични пријатели и другари, кои до доцна оваа вечер останаа пред Собранието и плачеа.
-Првото пијанство ми е со тебе, брату мој, никогаш нема да те заборавам-, напиша еден негов другар.

Зградата на Собранието ја обезбедуваше кордон полиција, а од страните на објектот, имаше воден топ.
Настанот немаше организатор. Повикот за оддавање почит за Никола Саздовски беше упатен преку социјалните мрежи.

Никола Саздовски погребан со песната ,,Послушајте патриоти”

За утре е најавен мирен марш за оддавање почит кон убиениот Саздовски, но и како порака до институциите да судат праведно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!