Агресија врз активистите на Водно : Багеристот добил наредба да гази луѓе

,,Гази, оди напред”, наредил денеска шефот на механизацијата, наменета за гасовод на Водно, обраќајќи се на багеристот пред чија машина стоеле неколку активисти за заштита на Парк шумата. Како што најавија вчера од граѓанската иницијатива ,,Го сакам Водно”, шумата ќе ја бранат со ,,жив ѕид”.
Багеристот ја одбил наредбата на претпоставениот и ја исклучил машината.

За оваа драматична ситуација, која утринава се случувала на сртот каде шумата се уништува за гасовод, информираше активистот Игор Смилев.

Нови детали околу тензичната ситуација се очекуваат во текот на денешниот ден. Неофицијално, била викната полиција поради закани дека активистите ќе ги отстрани приватно физичко обезбедување со сила.

Од граѓанската иницијатива не се откажуваат од замислата, шумата да продолжат да ја бранат со легнување пред механизацијата, со цел Владата да ја измени трасата за гасоводот и таа да не поминува низ Водно.

Владата најави дека ќе ја сече шумата за гасовод во должина од 9 километри. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!