Загадувањето од нечистотија алармантно : Дувна ветер и скопјани се задушија од прашина

Ветерот кој го зафати Скопје ја крена сета прашина и ѓубре во воздухот, по што загадувањето со ПМ10 честички во градот стана алармантно. Граѓаните, кои се движат пеш низ градот, се жалат на печење во очите и во грлото од прашината преполна со честички опасни по здравјето.

Вредностите на загаден воздух во градот во последните неколку часа е над 600 микрограми и е во црвената зона. Најзагадени се Центар и Ректорат, односно влезот на Гази Баба, по што следува Карпош.

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, на кој му изминува една година од мандатот и кој Скопје милува да си го замислува како ,,европска метропола”, напати најавуваше миење на улиците, подигање на хигиената во градот, како и квалитетен амбиентален воздух. Но, од она што може да се види на терен, ѓубре на секој чекор, депонии, отворени контејнери, смрдеа, валкани улици со прашина и со исцедоци од смет од смрдливи контејнери – сите овие ветувања се очигледно само празни зборови, кои одекнуваат во телевизиски емисии, особено за потребите на кампањи. Последниот ветер покажа дека градот нема елементарно ниво на хигиена, а градската власт никаков систем за справување со прашината и загадувањето. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!