
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии во Македонија (МАСИТ) седна на преговарачката маса со Владата околу измени на неколку закони.
Темата меѓу Комората и извршната власт не е минималната плата, бидејќи, како што велат – таа не го таргетира информатичкиот сектор.
-Во нашиот сектор таква плата не постои. Треба да се промени филозофијата на државата да прави државни интервенции за сектори кои одумираат. Треба да се направи стратегија за ИТ секторот -да не си заминат младите интелектуалци од нашиот сектор, во кој просечната плата е 60.458 илјади денари, а 160.000.000 евра има извоз. Треба брза одлука за зачувување на младите дома. За информација, годинава, само на ФИНКИ се запишале 1.080 студенти – , истакна Анета Антова-Пешева, претседател на МАСИТ.

ИТ индустријата бара од Владата измени на неколку закони, нивна либерализација, бидејќи ги усложнуваат работните односи во овој сектор. Во насока, тој, полесно да функционира.
Нивниот заклучок е дека ИТ кадарот од земјава не си заминува поради висината на платата, бидејќи тие се задоволни од неа. Напротив, недостасуваат други привилегии кои насекаде ги уживаат вработените од оваа дејност – даночни олеснувања, флексибилност при работењето, едукација, социјални придонеси и слично.
Во Македонија има над две илјади ИТ компании во кои работат речиси 15 илјади лица. А, бизнисот се проценува на околу една милијарда евра.
[facebook]