
Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција за лекување на 4-годишната Симона и ги повикува сите посетители да донираат во недела. Кутиите за донации ќе бидат поставени од 9 до 18 часот, а во меѓувреме посетителите ќе можат да се дружат и фотографираат со омилените Дизни маскоти, да гледаат бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнат да се соберат средства.
– Четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, за жал боледува од акутна нелимфобластна лекумија. Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите веќе се во Загреб. Потребно е да соберат 140.000 евра за лекувањето. Да бидеме хумани, да спасиме еден млад живот. За среќно детство на Симона – , апелираат од Зоолошка градина Скопје.
Ова не е прв пат зоолошката градина да се вклучи во хуманитарни акции за помош на лица на кои им е потребно скапо лекување. Во изминатата година во повеќе наврати се поставуваа кутии за донации, со цел да се помогне во лекување.
Броевите за телефонски донации се 143-424 на Т-мобиле и 143-460 за корисниците на А1.
[facebook].