Расипан двокатен бус го парализираше сообраќајот на Бит пазар

 

Сообраќајот во Чаир и на Бит пазар, утринава, беше целосно колабиран поради расипан двокатен автобус на јавното сообраќајно претпријатие ,,Скопје”, кој, ја блокираше третата лента од булеварот ,,Крсте Петков Мисирков”.

Поради ова, луѓе доцнеа на работа, се слушаа пцовки, а нервозни возачи постојано свиреа.

Граѓани кои секојдневно ја минуваат оваа рута, велат дека кога ќе тргнат од дома се молат да нема ниедно расипано возило или автобус на лентите од Чаир до Судска палата, особено паркирано такси возило, бидејќи во тој случај метежот е неподнослив, а денот уште од рано наутро им е уништен.

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!