Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ги промовираше новите корпи за ситни отпадоци кои се поставени во Старата скопска чаршија и во централното градско подрачје.
Градот Скопје неодамна набави 950 нови корпи наменети за ситни отпадоци, од коишто 100 имаат вградени кеси за одлагање отпад од домашни миленици. Вкупно 85 од овие корпи беа поставени во Старата чаршија, додека 100 корпи се распоредени во општина Центар.
Поставувањето на новите корпи за ситни отпадоци во голема мера ќе придонесе за подигнување на нивото на хигиената на јавните површини во нашиот град, сметаат градските власти.
Корпите ќе бидат распоредени во сите скопски општини.
[facebook]