Јавното претпријатие ,,Скопје” ги информира граѓаните дека во пресрет на верскиот празник Задушница, денеска, сабота (2.11.2019 година), на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk
Дополнителни информации можат да се добијат во Диспечерски центар на бројот – 3173-224.
[facebook]