Исмет Рамиќевиќ во КИЦ: Не играј како што другиот свири

Во Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 1 и Салон 19:19, утре ( понеделник) на 25 ноември 2019 година, ќе се отвори мултимедијалниот проект од циклусот ,,Молк” (Играш како што другиот ти свири) од ликовниот уметник Исмет Рамиќевиќ.

Почетокот на настанот е во 20 часот. Скулпторскиот интерктивен проект претставува серија од различни удирачки и жичани инструменти инспирирани од историјата на балканските, европските и азиските музички култури. Дискретната хибридна визуализација на музички инструменти чии тела дискретно се акцентирани и завршуваат со реалистички или стилизирани куршуми измоделирани се во комбинирана техника. Во извесна смисла овој проект претставува продолжение на претходниот монументален антимилитантен проект „Молк“.
Ваквата хибридизација на инструментите, како и глобалната, а особено локалната политичка состојба, спонтано го генерира насловот кој во себе содржи истовремено и констатација, но пред сè апел, да не „играш како што другиот ти свири“.
Самиот наслов непосредно реферира на влијанијата на светските центри на моќта кои се рефлектираат и реперкуираат во сите сфери на човечкиот живот. Освен за професионалните музичари, проектот е отворен за интеракција и со публиката, така што музицирањето со различните инструменти, суптилно ќе го претставува отпорот кон севкупната современа политичка состојба.

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!