„Да не бев Претседател и јас ќе се иселев….Никој не е луд да го троши животот во држава која со години преговара со ЕУ“, истакна македонскиот претседател Стево Пендаровски, вчера, при обраќањето на Форумот на млади лидери во Нови Сад.
За разлика од него, на 6 јануари, пак, во 2016 година, професорката Татјана Каракамишева објави колумна во која изнесе ставови дека причините за иселувањето на младите не се од финансиска пририда, туку од емотивна.
Извадок од нејзината колумна:
,, Иако мојот репрезентативен примерок е релативно мал (околу триесетина луѓе), сепак тој може да биде добра основа за лоцирање на вистинските причини за заминувањето на младите од земјата. Иако генерално во јавноста се мисли дека причините се од егзистенцијална, а се шпекулира дека се и од политичка природа, многу малку се знае дека најголемиот дел не заминале во странство заради недостаток од пари, туку заради духовна неисполнетост, нереализираност на приватен план, како и поради чувството на љубовна празнина во домот. Во најголем број од случаите се работи за тага поради невозвратена или непреболена љубов па чарето одлучиле да го бараат во заминување подалеку од партнерот со мислата дека ако се подалеку од местото каде што с` ги потсетува на неа/него полесно ќе им оди со преболувањето. Значи, раскинувањето или разводот од партнерот, но и незадоволството од семејните односи меѓу родителите, браќата, сестрите (главно заради присутното семејно насилство) се најчестата причина за заминувањето на младите.”
[facebook]