Солидарност за Драч: Пожарникари ќе бараат преживеани со термални дронови

По серијата на земјотреси што ја погодија  Албанија,  а најмногу се почувствуваа во градот Драч, во кој има жртви и многу повредени, Градот Скопје веднаш испрати екипи за помош на настраданите.

– Денеска во раните утрински часови контактирав со градоначалникот на Тирана, со којшто сме и збратимен град и добри пријатели,  понудив помош којашто веќе Град Скопје ја упати кон настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч. Градот Скопје испрати две екипи, едната екипа е составена од четири пожарникари, а втората екипа е составена од двајца коишто ќе вршат снимање на самото место со термален дрон и термални камери, за да се откријат евентуални преживеани во урнатините, како и беспилотно летало коешто ќе врши 3Д мапирање на теренот со цел штетите коишто се настанати и оштетувањата на објектите да може да бидат како мапа достапни на спасувачките служби коишто се на самото место – информираше градоначалникот, Петре Шилегов.

На утрешната седница на Советот на Град Скопје, Шилегов, ќе побара од Советот да донесе одлука за доделување на помош на настраданите во катастофалниот земјотрес во Драч, Албанија.

Помош за настраданите најави и Владата на Македонија.

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!