ФЕНОМЕН ВО СКОПЈЕ: Лимон колку фудбалска топка порасна во саксија

Лимон, тежок 1,1 килограм пораснал на лимоново дрво, и тоа во саксија во Скопје.

Сопствениците на плодот со необична големина и тежина за наши простори, раскажаа дека дрвото е старо четири години.  Но, дека лани за првпат родило и тоа само еден единствен лимон, со вообичаена големина која се сретнува и во малопродажба.

Годинава, се изненадиле кога виделе дека лимоновото дрво е преполно со 30-на лимони, сите со поголема тежина.
Ни самите не разбираат што точно се случило, само потенцираа дека ставале вода секој ден.

Сопственичката на лимонот, како што кажа, има во план од лимонот да направи слатко, а од неговата кора се остри за торта, и тоа за рецептот, ултрапопуларен во екс Југославија – ,,Чупава Ката”.

Најтешкиот лимон кој го држи светскиот гинисов рекорд од 2003.година е со тежина од 5.265 килограми, одгледан од Арон Шемоел на неговата фарма во Израел.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!