Од 30 ноември, денеска, па до 4 декември годинава, ќе се одржи првото издание на театарскиот фестивал „Акт Фест 2019“. Фестивалот е наменет за актерот и реализацијата на улогата на албански јазик.

Во рамки на петте фестивалски вечери ќе бидат одиграни шест претстави од театарски куќи од Албанија, Косово и Македонија. Фестивалот ќе се одржува на две локации: во Македонскиот народен театар (МНТ) и во Театар Комедија. Со претставата „Чекална“, Театарот „Миѓени” од Скадар, Албанија, ја отвори првата фестивалска вечер. Втората вечер ќе бидат одиграни две претстави – „Куклата” на Театарот „Беким Фехмиу” од Призрен и „Смртта на Дантон” од Албански театар – Скопје. Публиката во третата вечер ќе може да ужива во претставата „Ревизор” на Театарот „Александар Моисиу” од Драч. Четвртата и петтата вечер ќе се изведуваат претставите „Артуро Уи” од Народниот театар од Косово и „Медеа” од Народниот театар „Кујтим Спахивогли” – Тирана. Стручното жири составено од Ндричим Џепа, Вехби Ќерими и Шкумбин Истрефи ќе одлучува за петте награди кои ќе бидат доделени на крајот на фестивалот.
ПРОГРАМА НА ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ НА АКТЕРОТ ,,АКТ ФЕСТ 2019″:
30.11.2019: ,,Чекална”, 20:00 часот, Театар ,,Миѓени”, Скадар- во МНТ, Скопје
01.12.2019: ,,Куклата”, 18:00 часот, Театар “Беким Фехмиу”, Призрен – во МНТ, Скопје (на мала сцена)
01.12.2019: ,,Смртта на Дантон”, 20:00 часот, Албански Театар, Скопје – во МНТ, Скопје
02.12.2019: ,,Ревизор”, 20:00 часот, Театар “Александр Моисиу”, Драч – во МНТ, Скопје
03.12.2019: ,,Артуро Уи” 20:00 часот, Народен Театар-Косово – во Театар Комедија, Скопје
04.12.2019: ,,Медеа”, 20:00 часот, Народен Театар ,,Кујтим Спахивогли” , Тирана – во Театар Комедија, Скопје
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]